Познат е следниот клуб на Агуеро кој наскоро треба да го одигра првиот официјален меч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серhио Агуеро без дилеми веќе години е меѓу најдобрите светски напаѓачи.

Агуеро игра одлично и оваа сезона, откако неодамна стана странец со најмногу постигнати голови во англиската Премиер лигата. Со неговиот гол синоѓа Граѓаните победија против Шефилд Јунајтед.

Искусниот Аргентинец е член на Манчестер Сити од 2011 година, а негова следна дестинација би можел да биде клубот што ги чека првите натпревари.

Поточно, Агуеро го сака Интер Мајами во своите редови, а според Сан, одличен голгетер нема ништо против да замине во нов член на МЛС Лига.

Сопственик на Интер Мајами е Дејвид Бекам. Клубот од Флорида веќе се согласи да го ангажира Дејвид Силва, откако на Шпанецот ќе му истече договорот со Манчестер Сити.

Инаку, во 2020 година Интер Мајами ќе ја игра својата прва натпреварувачка сезона. Премиерата на овој тим ќе биде гости против ФК Лос Анџелес на 1 март.