Познат фаворитот за нов претседател на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ направи анкета пред претседателските избори во Барселона, а на нив може да се забележи дека Жоан Лапорта има најголема шанса да победи.

Лапорта го предводеше тимот од 2003 до 2010 година, а сега реши да се кандидира за претседателската позиција, која остана празна откако Жозе Марија Бартомеу си даде оставка во октомври.

На прашањето за кого ќе гласаат ако изборите се одржат денеска, вкупно 52.3% од испитаниците се изјасниле дека својот глас би го дале за Лапорта, покажува анкетата на шпанскиот весник. За Виктор Фонт би гласале 13.2 отсто, а за Емили Русо, 3.2 отсто од анкетираните.

Со испитувањето биле опфатени 220 членови на Барселона, од кои 17.2% се изјасниле оти се уште не донеле одлука дали и за кого ќе гласаат, додека 3.2 проценти одговориле дека својот глас нема да го дадат за ниту еден од кандидатите. Изборите ќе се одржат на 24ти јануари.