Познат изгледот на дресот на Реал Мадрид за следната сезона (Фото)


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Порталот кој секогаш прв ги објавува новите дизајни на спортски дресови „Фути Хедлајнс“ овој пат го објави дресот со кој Реал Мадрид ќе игра следната сезона.

На новиот дрес на „кралевите“ следната сезона повторно ќе ги има златните ленти на спонзорот Адидас, а се очекува продажбата на истите да почне во мај или јуни 2023 година.

Реал Мадрид во моментов се наоѓа на втората позиција во Ла Лига со 35 бодови, односно два помалку од лидерот Барселона.