Познат клубот кој е фаворит за Мурињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Арсенал е тимот кој е фаворит да го ангажира поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и Челси, Жозе Мурињо.

Коефициентите за Мурињо да го наследи Унаи Емери на клупата на Арсенал драстично паднаа, па сега се чека само моментот кога Шпанецот ќе добие отказ од кормилото на „топчиите“.

За тоа многу ќе зависи како Емери ќе го реши проблемот со Гранит Џака кој е на удар на навивачите, но е „заштитен“ од своите соиграчи кои му даваат поддршка.

Неодамна, „Скај Спортс“ потврди дека Жозе Мурињо ќе прифати понуда од Премиер лигата затоа што сака да остане да работи во Англија.