Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијано Роналдо има 36 години, но и понатаму продолжува да ги поместува границите и да руши светски рекорди. Неодамна постигна два гола за Португалија и влезе во Гинисовата книга на рекорди, а во тоа му помага исхраната.
Доволно е да погледнете една фотографија на Португалецот без маичка и јасно е да се види дека води сметка за секој детал од својата исхрана, а еден италијански кувар откри детали од неа.
Џорџо Бароне живеел со Португалецот и се грижел за неговата исхрана.
„Нема скапа храна, туку здрава храна. Користам органски и природни продукти – риба, пилешко, телешко, јајца, авокадо, кокосово масло и ориз. Мора да се грижите за своето тело како да се грижите за Ферари“, откри Италијанецот.