Познат „напаѓачот“ на Ѓоковиќ на турнирот во Рим (Видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше погоден со шише во глава, но потоа беше констатирано дека инцидентот бил случаен, откако му испаднало шише од ранец на Марио Фери Фалко.

Фалко се извини преку социјалните мрежи и посочи дека бил под дејство на алкохол, но немал намера да го повреди Србинот.

„Сакам да се извинам поради тоа што се случи во Рим, моето шише се лизна и го погоди во глава“, напиша Фалко.

Фалко е поранешен фудбалер, кој во кариерата играше за Кастел ди Сангро, Венафра, Аудакс и други екипи.