Познат наследникот на Кокошков во Феникс


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Монти Вилијамс ќе има многу работа на жешката клупа на тимот од Аризона.

Феникс Санс конечно го објавија името на тренерот кој ќе ги предводи наредната сезона.

Монти Вилијамс ќе ја предводи екипата, а ќе потпише договор на пет години.

Тој така ќе стане јубилеен 20 тренер во историјата на Феникс.

Вилијамс ги тренираше Њу Орлеанс Пеликанс како главен тренер.

Како асистент работеше во Портланд и Оклахома, додека последен ангажман му беше во Филаделфија 76.

Игор Кокошков ги водеше Санси во изминатата сезона на која оствари само 19 победи во 82 натпревари.