Познат новинар откри: Меси почнал преговори со еден од заинтересираните гиганти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси нема да ја продолжи кариерата во Барселона. Аргентинецот остана без нов договор поради финансиските проблеми кои ги има каталонскиот гигант.

Шпанска Ла Лига со години не ја казнуваше Барселона поради нивните ужасни финансии, но по влезот на инвестицискиот фонд, кој на лигата ѝ даде 2,7 милијарди долари, повеќе место за такви работи нема да има.

Светските медиуми пишуваат за тоа каде Меси ќе ја продолжи кариерата, а познатиот француски новинар Мохамед Бухафси објави синоќа дека ПСЖ го исконтактирал таткото на Аргентинецот.

„Меси во последните неколку часа разговара со ПСЖ. Преговорите се во тек. ПСЖ е свесен за ситуацијата во која се наоѓа фудбалерот и бара решение“, објави новинарот.