Познат распоредот на натпревари на Македонија во Лига на нации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација вчера ги дозна противниците во групната фаза на Лигата на нации, а сега е познат и распоредот, кој воопшто нема да биде лесен.

Натпреварувањето го почнуваме против Бугарија на гостински терен, на 2 јуни, а до крајот на месецот се играат уште три натпревари. По гостување кај нашиот сосед, ќе играме и кај Гибралтар, по што дома ги пречекуваме Грузија и Гибралтар.

Лигата на нации завршува во септември 2022 година, кога се играат последните два натпревари. Најпрво ќе гостуваме кај Грузија, а во последното коло се игра мечот против Бугарија во Скопје.

Распоред на натпревари

2 јуни 2022. Бугарија – Македонија 

5 јуни 2022. Гибралтар – Македонија 

9 јуни 2022. Македонија – Грузија

12 јуни 2022. Македонија – Гибралтар

23 септември 2022. Грузија – Македонија 

26 септември 2022. Македонија – Бугарија