Познат списокот на тимови кои го одбиле Роналдо


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Кристијано Роналдо не се откажува од неговата намера да си замине од Манчестер јунајтед, а целта му е да потпише за тим кој игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Колку е решителен да замине покажа и на почетокот на подготовките, кога не се појави и пропушти дел од подготвителните натпревари.

Во Манчестер се свесни за желбите на Роналдо, па најверојатно ќе го пуштат да замине, иако досега не добиле ниту една понуда за него.

Неговиот менаџер Жорж Мендеш разговараше со многу тимови ширум Европа, но сè уште не може да се договори.

Клубовите кои ја одбија можноста да го ангажираат Роналдо летово се Милан, Интер, Баерн Минхен, Челси, Реал Мадрид, ПСЖ и Атлетико Мадрид.