Познат термин за мечот помеѓу Ѓоковиќ и Зверев на Австралијан опен


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Светската тениска ѕвезда од Србија, Новак Ѓоковиќ, обезбеди место во полуфиналето на Австралијан Опен, каде што ќе се сретне со германскиот тенисер Александер Зверев.

Според информациите од репортерот Џим Куријер, натпреварот е закажан за рано наутро, конкретно од 4:00 часот по македонско време.

Ова ќе биде 13. дуел помеѓу Ѓоковиќ и Зверев. Статистиката е во корист на српската ѕвезда, кој досега има освоено осум победи наспроти четири порази од неговиот германски противник.