Познат терминот на мечот на Новак, но дали воопшто ќе се одигра?


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ со сигурна победа против Лоренцо Музети се пласираше во четвртфиналето на мастерсот во Мајами и во ноќта меѓу четврток и петок ќе се бори за место меѓу најдобрите четири на Флорида.

Организаторите одлучија Ноле и Себастијан Корда да излезат на Централниот терен не пред 1:30 по полноќ, односно откако својот дуел ќе го завршат Ема Радукану и Џесика Пегула, меѓутоа, се поставува прашање колку е ривалот на легендарниот српски тенисер воопшто подготвен да му се спротивстави на Ѓоковиќ.

Американецот во осминафиналето во три сета беше подобар од Гаел Монфис, но во завршницата на мечот побара медицински тајм-аут поради болка во зглобот. На Корда му помогна и дождот, бидејќи веднаш откако се повреди мечот беше прекинат и продолжи по повеќе од два часа, така што имаше време за да лековите делуваат барем малку.