Познат терминот за полуфиналната битка во баражот меѓу Македонија и Данска


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство, Македонија ќе се спротивстави на Данска.

Термините во кои ќе се одиграат овие натпревари беа објавени од страна на УЕФА на нивниот официјален веб-сајт. Така, натпреварот меѓу Македонија и Данска е закажан за 20.45 часот.

Ако Македонија успее да ја елиминира Данска, финалето на баражот ќе се игра во истиот термин. Таму потенцијален противник ќе биде победникот од натпреварот меѓу Република Ирска и Чешка.