Познат тимот на Реал Мадрид за гостувањето кај Арсенал (Фото)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Реал Мадрид вечерва ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Како гости ќе се сретнат со Арсенал на стадионот „Емирати“ во Лондон.

Федерико Валверде, иако обично игра во средината, овојпат ќе има нова улога како десен бек против „топчиите“.

Се очекува следниот состав за Реал Мадрид во вечерашниот натпревар: на голот ќе биде Тибо Куртоа, а Валверде на десната бековска позиција. Заедно со него во одбранбената линија ќе бидат Антонио Рудигер, Давид Алаба и Марко Асенсио. Средината ќе ја пополнат Лука Модриќ, Едуардо Камавинга и Џуд Белингем, додека нападот ќе го предводат Родриго, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Фото: Real Madrid/FB