Позната е „црната листа“ на Реал Мадрид: Зидан не сака повеќе да им види очи во клубот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дури седум фудбалери на Реал Мадрид се на списокот за отстрел на тренерот Зинедин Зидан, кој сака да го освежи тимот во следниот преодниот рок.

„АС“ пишува дека прв на листата со жртви е Герет Бејл, кој има лош однос со тренерот и луѓето во клубот, а уште на списокот се наоѓаат и Хамес Родригез, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Алфонсо Ареола и Начо Фернандез.

Зидан планира од нивните трансфери да заработи најмалку 120 милиони евра со кои ќе ги купи потребните фудбалери.

Иако медиумите со месеци го селат Лука Јовиќ од Мадрид, сепак на листата го нема Србинот. „Кралевите“ не му дадоа премногу шанса на напаѓачот, иако ниту Лука не ја оправда довербата, но сепак ќе добие уште еднаш шанса.