Позната е состојбата на легендарниот Владе Дивац


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Познатиот српски кошаркар, поранешен центар на Партизан, Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот Хорнетс, Сакраменто Кингс и уште неколку клубови, тешко е повреден.

Дивац во близина на Луштица паднал од мотор и при тоа, како што пренесе Информер, доживеал скршеница на колкот.

Тој по сообраќајната несреќа не можел да стане, а сега му е поставен вештачки колк.

Операцијата на колкот ја предводел познатиот д-р Ранко Лисов, а според зборовите на д-р Владо Поповиќ, директор на оваа специјална болница, зафатот поминал успешно, а Дивац е моментално стабилен и под постојан надзор на медицинскиот персонал.

“Операцијата беше извршена во текот на денот и помина без компликации. Пациентот се опоравува во постоперативната единица и неговата состојба е стабилна”, рече д-р Поповиќ и додаде дека молиме медиумите и јавноста да ја почитуваат приватноста на пациентот.

Фото: Принтскрин