Позната иднината на Феликс: Покетино донесе конечна одлука


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс во јануари пристигна на позајмица од Атлетико Мадрид во Челси, но нема да остане во премиерлигашот по крајот на сезоната.

Феликс неколку пати кажа дека сака да остане на „Стемфорд бриџ“, но новиот тренер на клубот, Маурицио Покетино решил дека не му е потребен во екипата.

Покетино не го сака португалскиот репрезентативец во составот и затоа побарал од раководството да не му го откупи договорот.

„Челси нè извести дека Покетино не го сака Феликс и дека нема да го откупат неговиот договор. По истекот на позајмицата, тој ќе се врати во Атлетико, а потоа ќе видиме што ќе се случи“, кажа првиот човек на шпанската екипа.