Позната пејачка направи лудница на роденденот на Ибрахимовиќ со песната „Јутро је“ 🎥


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави својот 40. роденден, а синоќа направи одлична забава на која беа присутни познати гости.

Ибрахимовиќ ги повика неговите поранешни колеги Пол Погба, Марко Верати, Салваторе Сиригу и други на забавата.

Но, тоа што привлече најмногу внимание е пејачката Нада Топчагиќ која беше присутна на забавата и направи вистинско шоу.

Ибрахимовиќ често во својата соблекувална ја пушташе „Јутро је“ од пејачката и јасно покажа дека тоа му е омилена песна, а пејачката доби повик да го израдува.

Кога влезе Ибра во ресторанот го пречека изненадување затоа што Нада во живо ја запеа неговата омилена песна.

ТТ