Позната платата на Модриќ: Реал Мадрид му дава богатство!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ има 36 години, но и покрај тоа игра фантастично во Реал Мадрид и сезонава е на добар пат да му помогне да го освојат трофејот во Ла Лига, а можеби и Лигата на шампиони (ЛШ).

Модриќ минатиот викенд одигра импресивен меч против Атлетико Мадрид поради што веднаш почна да се шпекулира за продолжување на соработката со Хрватот.

Искусниот фудбалер има договор со Реал до крајот на сезоната, а „Марка“ пишува дека Хрватот заработува 23 милиони евра годишно од шпанскиот гигант.

Месечната плата на Модриќ изнесува 1,96 милиони евра, односно добива 457.630 евра неделно или поточно 65.375 евра дневно.

Модриќ сезонава одигра 18 натпревари за „кралевите“, а притоа запиша пет асистенции, но на теренот игра на врвно ниво.