Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Челси, Франк Лампард присуствуваше на дербито против Ливерпул (0-0), по што во медиумите се појавија шпекулации дека тој ќе биде тренер на екипата до крајот на сезоната.
Челси е во преговори со поранешниот фудбалер, кој е подготвен да ја прифати работата, а конечната одлука се очекува наскоро.
Лампард беше тренер на Челси од 2019 до 2021 година, а последниот ангажман го имаше на чело на Евертон каде што не се прослави.
Причината за овој потег на газдата Тод Боели е што му треба повеќе време за да размисли кој е подобар избор за тренерската позиција на клубот од следната сезона, а главни кандидати се Јулијан Нагелсман и Луис Енрике.