Позната причината за смртта на момчето на Сабаленка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Смртта на белорускиот хокеар Константин Колцов ја шокира спортската јавност, а посебно поради фактот дека бил во љубовна врска со тенисерката Арина Сабаленка.

Колцов бил во Мајами каде што го загубил животот, а причината е белодробна тромбо-емболија, односно состојба во која згрутчувањето на крвта се одвојува од првобитното место и патува низ крвотокот со што ги оштетува органите.

Поранешниот хокеар имаше само 43 години, а требаше да биде тренер на Динамо Минск од следната сезона.