Позната причината зошто Ето го нападна јутјуберот од Алжир (Видео)


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето по мечот меѓу Бразил и Јужна Кореја нападна еден јутјубер од Алжир.

Ето му се налути на јутјуберот кој го снимаше, па на крајот го удри со колено во глава, а несреќниот маж од Алжир објави дека му поставил прашање за судијата Бакари Гасам.

Дел од медиумите претходно шпекулираа дека Ето му понудил поткуп на судијата поради што Камерун можеше да биде исфрлен од Мундијалот.

„Ме претепа затоа што го прашав за судијата Гасам. Ми кажа дека сум глупав поради тоа“, кажа мажот од Алжир.