Позната следната дестинација на Марио Маџнукиќ, Манчестер Јунајтед отпадна од конкуренција


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


„Калчомеркато“ пренесува дека Марио Манџукиќ е чекор поблиску до комплетирање на трансфер во Катар.

Хрватот четири месеци е на маргините и воопшто не игра за Јувентус, па во јануари ќе ја промени средината и ќе се пресели во Средниот Исток.

Конечен договор треба да биде постигнат во следните 38 часа кога треба да се финализираат сите детали.

Манчестер Јунајтед наводно се откажал од ангаман на Манџукиќ и ќе се насочи кон младиот Ерлинг Халанд кој е блиску до трансфер на „Олд Трафорд“.