Позната состојбата на Балотели по тешката сообраќајка (Видео)


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Марио Балотели имал тешка сообраќајна незгода во Бреша, но за среќа останал неповреден.

Возилото на Балотели е целосно уништено, откако удрило во бетонски ѕид покрај патот, а италијанската полиција објави дека напаѓачот возел со неприлагодена брзина и изгубил контрола врз автомобилот.

По несреќата бил пренесен во болница, каде што имал тестови, по што било потврдено дека не е повреден.