Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилската фудбалска федерација не планира да му даде отказ на селекторот Доривал Жуниор по елиминацијата на Бразил во четвртфиналето на Копа Америка.
Претседателот на бразилскиот сојуз, Едналдо Родригез кажа дека Доривал ќе остане селектор до Светското првенство (СП) во 2026 година.
„Целта на Копа Америка беше да се обнови тимот, тоа беше важен период. Вообичаено камповите за обука не траат долго, но сега тренерот можеше да донесе некои заклучоци. За два месеци имаме нови квалификациски натпревари“, кажа Родригез.
Бразил по шест одиграни кола се наоѓа на шестото место со седум бодови во квалификациите за СП 2026.