Познати деталите од понудата на Реал Мадрид за Кејн


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Реал Мадрид се подготвува за ремонт на екипата во текот на летниот проден рок, а познато е дека клубот веќе го напуштаат Карим Бензема, Марко Асенсио, Еден Азар и Маријано Дијаз.

„Кралевите“ ќе го ангажираат Џуд Белингам од Борусија Дортмунд, како и Хозелу кој доаѓа како слободен играч, но во моментов фокусот е ставен на Хари Кејн од Тотнем.

Шпанското радио „Кадена Сер“ објави дека Кејн е прв избор на раководството на шпанскиот гигант, кој понудил 80 милиони евра за неговиот трансфер, а Кејн ќе добие тригодишен договор со плата од 11 милиони евра по сезона.

Откако ќе го договори трансферот на Кејн, Реал ќе тргне и по потписот на Германецот Каи Хаверц од Челси кој ќе чини околу 80 милиони евра.