Познати потенцијалните противници за Шкендија во Лига Европа


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шкендија, македонскиот фудбалски шампион, ја започнува својата европска авантура од второто квалификациско коло на Лигата на шампионите. Таму, ќе се соочи со силниот тим од Романија, ФЦСБ. Додека тимот од Тетово се подготвува за овој значаен двомеч, денес ги дозна можните противници доколку биде елиминиран од ова натпреварување.

Во случај Шкендија да не ја совлада пречката наречена ФЦСБ, нивниот европски пат ќе продолжи во Лигата на Европа – натпреварување кое е второ по ранг под УЕФА. Според ждрепката, во третото квалификациско коло можни ривали на Шкендија се данскиот гигант Копенхаген или косовскиот тим Дрита.

Ако овие дуели се остварат, натпреварите ќе се одиграат на 7 август, додека реваншите ќе бидат на 14 август.

Фото: KF Shkëndija