Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за Светското првенство 2027, по денешната ждрепка што се одржа во Минхен.
Нашиот национален тим, кој беше сместен во вториот шешир, ќе настапи во групата Х, каде што ќе се соочи со селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Групната фаза ќе ја играме во германскиот град Магдебург.
Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари следната година, а домаќини на натпреварите ќе бидат градовите Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.











