Познати роковите за трансфер периодот и во Англија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиската ФА планира да го помести летниот преоден рок кој вообичаено требаше да започне за десет дена.

Поради пандемијата со коронавирусот и продолжувањето на сезоната во текот на летото, од ФА ќе предложат преодниот рок да започне кон крајот на август.

Истиот би требало да трае до месец октомври до кога клубовите ќе може да регистрираат нови играчи.

Новата сезона, доколку се тече според планот треба да започне кон средината или кон крајот на септември.