Познати се деталите: Леао прифати нов договор од Милан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Рафаел Леао и во иднина ќе го носи дресот на на италијанскиот гигант откако се согласи да стави потпис на нова соработка.

Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека Леао прифатил договор кој ќе важи до 2028 година и ќе заработува по пет милиони евра по сезона плус бонуси, додека откупната клаузула ќе изнесува 175 милиони евра.

Леао има 23 години и привлече голем интерес на европските гиганти во изминатиот период, но Милан успеа да се договори со неговиот агент за нова соработка.

Португалецот оваа сезона постигна 12 голови и осум асистенции во Серија А, додека има и еден гол и пет асистенции во Лигата на шампиони.