Познати се деталите: Онана се сели во Манчестер јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед се договори со Интер за трансферот на голманот Андре Онана и ќе мора да исплати 51 милион евра плус четири милиони во бонуси.

Калчолигашот е задоволен со понудата од Манчестер, а чуварот на мрежата претходно ги договори условите со тимот и во следните два дена треба да ги помине медицинските прегледи.

Онана ќе биде второ засилување за „црвените ѓаволи“, откако претходно беше потврден трансферот на Мејсон Маунт од Челси.