Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Кристијано Роналдо повеќе од еден месец е слободен фудбалер откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а како негова следна дестинација се споменува Саудиска Арабија, односно Ал Наср.
Роналдо треба да потпише договор според кој ќе заработува годишно околу 200 милиони долари, а веќе биле и закажани медицинските прегледи.
Португалецот треба да потпише договор до 2030 година, со тоа што неговата кариера како фудбалер ќе заврши во 2025 година, а следните пет ќе работи како амбансадор.
Исто така, Роналдо ќе добие улога во раководството на тимот по крајот на кариерата.