Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ во вторник се бори за пласман во четвртфиналето на турнирот од мастерс серијата во Мајами, а негов ривал е Лоренцо Музети.
Мечот е трет по ред на главниот терен. Програмата ја отвораат од 17 часот Монфис и Корда. Потоа следи дуел во женската конкуренција помеѓу Паолини и Линет, а после нив на теренот излегуваат Србинот и Италијанот. Се очекува мечот да започне околу 21 часот.
Ѓоковиќ и Музети досега се сретнале осум пати, со скор 7-1, а последен пат играа во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, кога Новак победи со 6:4, 6:2.