Познато е колку пари ќе мора Реал да ѝ плати на Бенфика за Мурињо


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако Фабрицио Романо ја објави информацијата за враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и колку пари ќе заработи Бенфика.

Во договорот на Мурињо со Бенфика, кој важи до летото 2027 година, постои клаузула која му гарантира значителна отштета на португалскиот клуб доколку Мурињо замине на „Бернабеу“.

Според пишувањето на португалскиот „Рекорд“, Реал ќе треба да ѝ плати на Бенфика 7 милиони евра за да го доведе Мурињо.

Клаузулата е активна во многу краток временски период – Мурињо може да замине во Реал за 7 милиони евра само во рок од 10 дена по последниот натпревар од сезоната, што дефинитивно ќе се случи, имајќи предвид дека Романо објави дека договорот ќе биде потпишан на 23 мај.