Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Никој од раководството на Барселона не се јави со соопштение поради случувањата поврзани со неуспешниот проект за создавање на Суперлига.
Шпанскиот магазин „Спорт“ објави дека Каталонците не сакаат да испратат соопштение до јавноста додека одлуката не го мина Собранието на клубот.
Како што се шпекулира, претседателот Жоан Лапорта и раководството на Барселона се во постојан контакт со сите вклучени страни.
Важно е тоа што Лапорта во договорот за пристап кон Суперлигата внесе важна клаузула, а таа се однесува на конечната одлука на Собранието.
И така го ослободи клубот од плаќање на пенали во случај да излезе од Суперлигата.