До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лука Дончиќ вчера итно ги напушти Соединетите Американски Држави, а еве каде отиде и заради што.
Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Лука Дончиќ реши да направи важен чекор во борбата со повредата на задниот бедрен мускул.
Според информациите на ЕСПН, Дончиќ отпатувал на Шпанија за да спроведе специјализиран третман со инјекции со цел да го забрза опоравувањето од повреда од втор степен.
Се работи за постапка која би можела значително да го скрати предвидениот период на одмор од четири до шест недели.
Во оптимистички сценарија, постои можност да се врати веќе на почетокот на плејофот. Како што објасни доктор Џефриес, станува збор за напредни регенеративни терапии.
Тие најчесто вклучуваат комбинација на матични клетки и ПРП третмани, односно плазма богата со тромбоцити.
„Матичните клетки во Шпанија може повеќе да се обработуваат за да им се зголеми ефикасноста. Истото важи и за ПРП“, рече Џефриес.
















