Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите во Германија го открија името на клубот во кој Френк Рибери ќе ја продолжи кариерата.
„Кикер“ пренесува дека искусниот француски фудбалер ќе се пресели во Катар во редовите на Ал Сад. Рибери ќе се пресели во богатиот катарски клуб како слободен агент и ќе заработува навистина „дебела“ сума на пари.
Со приклучувањето на овој клуб Рибери ќе стане соиграч со легендарниот поранешен фудбалер на Барселона, Чави, кој веќе неколку сезони со успех го носи дресот на Ал Сад.