Познато како пропадна трансферот на Осимен во Челси


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Виктор Осимен остана без шанса да потпише за друг клуб, иако водеше преговори со Челси и Ал Ахли.

Осимен беше блиску до Ал Ахли, но потоа реши да преговара со Челси, кој не можеше да му ги исполни условите.

Напаѓачот на Наполи го налути раководството на Ал Ахли, кое во меѓувреме реши да го купи Иван Тони од Брентфорд.

„Скај Италија“ објави дека Челси му понудил осум милиони евра по сезона на Осимен од кои само четири биле загарантирани, додека останатите во форма на бонуси.