Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија синоќа дека во приватниот живот на Пеп Гвардиола работите не функционираат баш најдобро затоа што тој и неговата сопруга Сера решиле да се разведат откако заедно поминале повеќе од 30 години, а сега е познато и зошто нивниот брак „пукал“.
Познато е дека Манчестер Сити во изминатите два месеци минуваше низ очајна резултатска серија, а се чини дека кризата на Етихад уште не е завршена.
Првично немаше многу информации за тоа што се случило меѓу нив, но шпанскиот весник „Релево“ утрово пренесува дека е позната причината зошто Пеп и Сера повеќе не функционираат заедно.
Сè започна уште во 2019 година кога таа го напушти Манчестер со најмладата ќерка и се врати да живее во Барселона каде што има фирма која е фокусирана на светот на модата, и дека од Англија не можела доволно добро да ја работи својата работа.
Таа живееше на релација Барселона – Лондон – Манчестер, а и Пеп во последните години сè почесто доаѓаше во Шпанија. Иако се трудеа да им остане бракот, на крајот сфатија дека тоа едноставно не е можна.