Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судењето на Карим Бензема и уште четири лица продолжи денеска во Франција. Напаѓачот на Реал Мадрид повторно не беше на Суд, но останатите беа присутни.
Покрај Бензема, за уценување на Матје Валбуена со снимка се обвинети Аксел Ангот, Мустафа Зауи, Карим Зенати и Јунес Хуас.
По новите изјави, од кои некои беа променети во однос на привот ден, се изјасни и обвинителството кое предложи казни за обвинетите.
„Предложена е 10-месечна затворска казна за Бензема, но условна. Нема да оди зад решетки, но мора да плати и 75.000 евра. Заменикот обвинител го опиша Бензема како носител на одреден имиџ, историја и репутација, па затоа неговата казна е најмала“, пишуваат медиумите.