Познато какво сценарио не очекува ако се прекине Ла Лига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челниците на шпанската Ла Лига следната недела ќе расправаат за тоа кога би можеле да се стекнат услови за продолжување на сезоната.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот, но за среќа ситуацијата се поправа од ден на ден. Вонредната состојба ќе заврши на почетокот на мај, а тогаш клубовите би требало да се вратат на тренинзи.

Се очекува Ла Лига да се врати на крајот на мај или почетокот на јуни, но јасно е дека сите натпревари ќе се играат пред празни трибини.

Челниците на Ла Лига при најнепосакувано сценарио имаат подготвени и опција доколку бидат приморани да ја прекинат сезоната. Шпанските медиуми пишуваат дека при таков случај Ла Лига ќе заврши со сегашниот изглед на табелата.

Така, титулата би заминала во рацете на Барселона која има два бода предност пред Реал Мадрид, а пласман во Европа би обезбедиле и Севилја, Реал Сосиедад, Хетафе и Атлетико Мадрид.

Од лигата би испаднале Мајорка, Легањес и Еспањол.