Познато кога Ѓоковиќ ќе се бори за четвртфинале на Шангај


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ со многу напор го совлада Јаник Ханфман и се пласираше во четвртото коло од Мастерсот во Шангај, а сега е познато и кога повторно ќе излезе на терен.

Најдобриот тенисер на сите времиња ќе игра против Жаиме Мунар, шпански играч кој многу трча и не игра најубав тенис, но се труди на теренот. За Новак ова ќе биде уште еден предизвикувачки меч и поради временските (не)прилики во Шангај. Влажноста на воздухот е голема, па Мунар е потенцијално многу непријатен противник.

Ѓоковиќ ќе игра против Мунар во вторник од 12:30 часот, истиот термин како и дуелот со Ханфман.