Познато кога ќе се врати Леброн Џејмс


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Леброн Џејмс ќе го пропушти почетокот на новата НБА сезона поради оштетување на нервот и проблеми со ишијасот. Сега е познато и кога се очекува да се врати на теренот еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Како што известува инсајдерот на ЕСПН, Шемс Чаранија, Џејмс би требало да се врати на теренот во средината на ноември.

Џејмс го очекува нов преглед кај лекарите на 30 октомври и тогаш ќе се види како напредува опоравувањето.

Шемс додава дека Лејкерси не се загрижени што ќе пропушти 10 до 15 натпревари на почетокот на сезоната.

Леброн има 40 години и во декември ќе наполни 41, а во просек минатата сезона бележеше 24,4 поени со 7,8 скокови и 8,2 асистенции на 70 одиграни натпревари.