Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Серхио Агуеро ова лето пристигна како големо засилување во редовите на Барселона. Искусниот напаѓач како слободен играч стигна од Манчестер сити, но уште нема настап во дресот на каталонскиот гигант.
Агуеро имаше повреда на листот, па рехабилитацијата траеше подолго од очекуваното, но наскоро би можеле Аргентинецот да го видиме на теренот.
Агуеро ќе го пропушти мечот против Бенфика во Лигата на шампиони и против Атлетико Мадрид во Ла Лига, но се очекува да настапи по репрезентативната пауза.
Тоа би значело дека Агуеро ќе биде во екипата за дуелот со Валенсија, кој се игра на средината на октомври.