Познато кога ќе се играат реванш натпреварите од осминафиналето во ЛШ и Лига Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Елитните европски натпреварувања треба да продолжат во следниот месец, а први кои се раќаат на терен се клубовите од Бундеслигата.

Германците денеска ќе ја продолжат сезоната по два месеци пауза, додека се очекува голем број европски лиги истото да го направат во следниот месец. Французите се единствени од топ-5 лигите кои решија да го прекинат првенството.

УЕФА им даде предност на домашните првенства да завршат до почетокот на август, а потоа ќе се играат Лигата на шампиони (ЛШ) и Лига Европа. Клубовите имаат рок до 2 август да ги завршат шампионатите.

УЕФА работи на распоред на натпревари во ЛШ и Лига Европа, но уште нема официјални одлуки, иако „Марка“ објави дека реваншите од осминафиналето во ЛШ би можеле да се одиграат на 7 и 8 август, а од Лига Европа на 9 август.