До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид ќе мора привремено да се снаоѓа без Родриго, откако шпанското радио COPE објави дека бразилскиот офанзивец ќе биде надвор од терените околу 10 дена поради повреда.
Според информациите, Родриго сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Валенсија и Реал Сосиедад, што претставува удар за тренерот Алваро Арбелоа во клучен дел од сезоната.
Медицинскиот тим на „кралевите“ очекува неговото враќање на терените за дуелот против Осасуна, закажан за 21 февруари.
















