Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Три од пет најсилни европски фудбалски лиги завршија, а последно коло ќе играат Италијанците и Французите, па поради тоа „Газета дело Спорт“ реши да објави статистика за посетеноста на стадионите во Европа.
Најмногу поддршка од трибините има Борусија Дортмунд. Германскиот клуб во просек на „Вестфален“ го гледале 81.000 навивачи, а тоа е речиси цел стадион, кој има капацитет од 81.365 гледачи.
На второ место се Барселона и Баерн Минхен, кои имале поддршка од 75.000 навивачи. На четврто место е Манчестер јунајтед, кој стигна до бројката од 74.000 гледачи.
Потоа следуваат Арсенал со 60.000, Вест хем и Интер со по 57.000, Атлетико Мадрид има 56.000 гледачи, а по нив следуваат Милан, Тотенхем, Ливерпул и Ајакс.
Ups, downs, thrill, drama. Unconditional support and eternal love.
We’ve shared and lived every moment together. One team, one family.
From the bottom of our hearts, thank you Borussens. See you next season! pic.twitter.com/UitiVLRIl3
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) May 18, 2019