Познато кој број на дрес ќе го носи Мбапе во Реал Мадрид


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера официјално потпиша за Реал Мадрид, откако на крајот на сезоната го напушти ПСЖ како слободен играч.

Мбапе во следната сезона треба да го носи дресот со број 9, кој во моментов е празен по заминувањето на Карим Бензема.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Мбапе ќе го чека дресот со број 10 од Лука Модриќ и најверојатно ќе го преземе во сезоната 2024/25.