Познато кој е фаворит за освојување на Ролан Гарос!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ролан Гарос во Париз се игра од 22 мај до 5 јуни, а засега не е познато дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот бидејќи не е вакциниран, но дотогаш има време да прими две дози.

Меѓутоа, обложувалниците решија да ги дадат своите фаворити за освојување на вториот гренслем-турнир во сезоната, а најголеми шанси според нив има Рафаел Надал.

Надал е фаворит во Франција, меѓутоа веднаш зад него е Ѓоковиќ, додека на третата позиција се наоѓа Стефанос Циципас, по што следат Доминик Тим, Александер Зверев и Карлос Алкараз.

Интересно е тоа што вториот тенисер во светот и финалист на последните два гренслем-турнири, Данил Медведев е дури седми фаворит за освојување на турнирот во Париз.