Познато кој фудбалер прв ќе си замине од Арсенал


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Арсенал ќе претрпи значителни промени во летниот преоден рок, а Унаи Емери ќе добие само 50 милиони евра за трошење на трансфери.

Токму затоа Шпанецот ќе мора да продаде неколку фудбалери со цел да обезбеди трансфер буџет за засилување на својот тим.

Прв кој ќе си ги спакува куферите е Мохамед Елнени кој кариерата веројатно ќе ја продолжи во редовите на Бешикташ.

Втор играч кој ќе си замине е Хенрик Микитаријан кој зема 200.000 фунти неделна плата, па неговото заминување значително ќе го зголеми трансфер буџетот на тимот.

Рамзи ќе си замине како слободен агент откако и официјално потпиша преддоговор со Јувентус, а на излезните врати од „Емирати“ е и Дани Велбек.

Се уште се бара купувач и за Месут Озил кој игра сезона за заборав во дресот на „топчиите“, а во моментов е најскапоплатен фудбалер на клубот од Лондон.